Општина Куманово постави куќички за цвеќе и садници пред градскиот пазар (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Седум куќички за времена продажба на цвеќе и садници од денеска ќе бидат во функција на Јавното претпријатие „Пазаришта“, откако претходно ги набави Општина Куманово со одлука на Одделението за локален економски развој.

Loading...

Како што потенцираше градоначалникот Максим Димитриевски во минатото цветниот пазар беше неорганизиран, па ова е еден од начините да се спречи дивата продажба. Продавачите претходно ќе склучат договор со јавното претпријатие по цена од 6.000 денари месечно и своите производи можат да ги продаваа тука. Целокупната вредност на проектот е 510.000 денари.

– Во моментот имаме седум такви објекти, општината инвестираше 510.000 денари по претходно распишана тендерска постапка каде што беа предвидени средства во износ од 900.000 денари и поради транспаренстноста на тендерот се дојде до постапка понудувачот да прифати за 510.000 денари да ја изгради оваа инвестиција. Денеска сметам дека имаме и ќе успееме конечно да ставиме крај на она што се случуваше со дивата продажба и ќе продолжиме како општина да се грижиме прометот на сите производи да се врши на пазарот и места кои се предвидени за тоа и да ставиме крај на дивата продажба, изјави Димитриевски.

Првиот човек на градот апелираше граѓаните при посета на градскиот пазар прописно да ги паркираат своите возила или да доаѓаат пеш, со цел сообраќајот да се одвива непречено.

– Воедно сакам да се заблагодарам на сите надлежни државни институции, особено на сообраќајната полиција во градот, која води сметка за овој дел од градот да има непречено одвивање на сообраќајот и на вработените во јавното претпријатије, додаде кумановскиот градоначалник Димитриевски.

Според директорот на ЈП „Пазаришта“ Илир Саити, реакциите за монтажните куќички се позитивни, а според него ќе се подобар условите за стопанисување, а градот ќе добие поубав лик, заедно со проектот за реконструкција на пазарот кој веќе е во тек.

Loading...

 – По нашите анализи, управниот одбор утврди цена од 6.000 денари плус ДДВ или 72.000 еднари годишно. Дрвените бараки се со површина од шест квадратни метри, по добиената согласност за ценовникот ќе почне процедурата за издавање на овие бараки. Со реконструкцијата на покривот на второто ниво, фасадата на деловните објекти, и овие куќарки продолжуваме со трендот за модернизација на Зелениот пазар во Куманово.

Воедно тротоарите кај пазарот, но и во останатите делови од градот ќе бидат блокирани со метални пречки со цел да не бидат злоупотребувани како паркинг места од несовесните возачи.

Leave a Reply