ОН: Потребни се 5,6 милијарди долари за хуманитарна помош во 2023 година

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации објавија дека на нивните хуманитарни агенции им се потребни 5,6 милијарди долари (5,2 милијарди евра) за потребите на 11,1 милиони луѓе во Украина и 4,2 милиони бегалци во Европа.

Loading...

„Мораме да направиме се што е во наша моќ за да дојдеме до најтешко достапните заедници, вклучително и оние блиску до првите линии на фронтот“, рече шефот за хуманитарна помош на ОН Мартин Грифитс во изјавата речиси една година откако Русија ја започна својата инвазија на Украина.

Тој додаде дека „страдањето на украинскиот народ е далеку од завршено“ и дека на народот на Украина му е потребна меѓународна поддршка.

Оваа година, на хуманитарните агенции на ОН ќе им бидат потребни 3,9 милијарди долари за грижа за 11,1 милиони луѓе во Украина и 1,7 милијарди долари за потребите на 4,2 милиони бегалци, како и на заедниците кои прифатиле бегалци во различни источноевропски земји.

Најголем дел од помошта за бегалците ќе оди во Полска, главната земја домаќин на бегалците во Источна Европа и во Молдавија, преку која поминуваат многу бегалци на пат кон други земји.