Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во Собранието на Република Македонија рече дека истрагата околу лажните лични карти е во тек, а вештачењето е завршено.
Октирено е дека сите 105 лични карти се фалсификувани, а на 90 луѓе е украден идентитетот. Истите се однесувале за неколку градови од државата, меѓу кои и на граѓаните од Куманово.
Врз основа на наредбата од јавниот обвинител се вршат проверки во ДИК и во Заводот за статистика, кои го имаат избирачиот список, за да видиме дали тие биле воопшто употребени и дали се користени за некои други цели – вели Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.
Тој додаде дека најважна е квалитетна истрага која ќе покаже кој и зошто ги фалсификувал овие лични карти, каде истите биле употребувани и по чија наредба биле изготвувани.