Оливер Илиевски кандидат на СДСМ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Оливер Илиевски е кандидатот за градоначалник на СДСМ за претстојните локални избори во Куманово, објави денеска на прес конференција генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.

Loading...

Како што рече тој, Илиевски е дипломиран економист и директор на АД „Водостопанство  Кумановско – липковско поле“, како и секретар на Општинската организација на партијата.

– Во општината каде актуелниот градоначалник самиот отиде против себе, СДСМ, граѓаните со што саиот се исклучи од партијата одиме со Оливер Илиевски, дипломиран економист, директор на водостопанство, секретар на ОО СДСМ подолг период кој има исксутво во менаџмент во јавни и приватни компании, успешен, чесен, близок и анкетите покажуваат голема почит од грашаните. СДСМ во Куманово има еден кандидат ја има најдобрата понуда за кумановци, рече Николовски.

Никола Ивнаовски