Вчера се одржа првата конституитивна седница на Советот за заштита на потрошувачите на Општина Куманово.
Loading...
Дневниот ред се состоеше од една точка – избор на претседател на советот, а за претседател беше избран Вилијам Бојковски, управител во ДПТУ Ми-Мар – Куманово.
Советот за заштита на потрошувачите е формиран со цел разгледување на прашања и утврдување предлози кои се однесуваат на квалитетот на услугите на јавните служби, а Одлуката за формирање на истиот е донесена на седница на Советот на Општина Куманово. Советот е составен од седум члена.