ОДЛИЧНИ ВЕСТИ: По скоро три месеци повторно отворена кумановската библиотека

Сподели со своите пријатели

По скоро три месеци денеска повторно е отворена кумановската библиотека „Тане Георгиевски“, откако во март беше затворена со мерките на Владата за заштита од ширење на коронавирусот.

Loading...

Љубителите на убавиот пшан збор од денеска ќе можат да ја посетуваат библиотеката во согласност со мерките и препораките од Владата по предлог заклучоци од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Работното време на библиотеката ќе биде во една смена од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок. Корисниците ќе можат да враќаат и позајмуваат книги, да го обноват членството, или пак да се запишат нови членови.

Се до новите упатства читалната ќе остане затворена.

– Корисниците ќе можат да ги вратат книгите и да позајмат нови. Вратените книги посебно се одвојуваат и во следните 72 часа нема да бидат достапни за издавање. Библиотеката нема да го евидентира пропишаниот рок за враќање на позајмените книги во периодот кога не работеше со корисници. На корисниците нема да им биде овозможено слободно пребарување по фондот, информираат од ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ Куманово.

Кумановската библиотека ќе продолжи да работи со задолжително почитување на протоколот за работа на библиотеки:

Задолжително носење на лична заштитна опрема на лицето;

Одржување на потребното физичко растојание;

Loading...

Обезбедување честа дезинфекција на рацете и

Редовно чистење и дезинфекција на средината/просторијата/објектот.

Сите вработени лица и посетители, задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето, што подразбира каква било форма на заштита која ги покрива пределот на носот и устата.

Одржување на потребното физичко растојание меѓу вработените, како и меѓу вработените и посетителите од 1,5 – 2 метри.

Ограничување на бројот на посетители согласно квадратурата на просторот, на 15 посетители на 100м² нето површина (површина предвидена за движење на посетителите, односно од бруто површината одземена површината на експонатите, мебел и друга опрема).

Регулирање на бројот посетители во објектот, така што, откако ќе влезе максимално дозволениот број на посетители, повторно ќе може да влезат нови посетители, откако претходно ќе излезе и последниот посетител или на еден излезен посетител може само еден посетител да влезе.

Задолжително да се одредат лица за контрола на спроведување на мерките пред влезот и во самиот објект.

Пред влезот на објектот, да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, со известување за посетителите за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување.

Loading...

На видни места да се постават известувања за забрана за допирање на изложените експонати и површините со кои се заштитени експонатите. Сите површини кои се изложени на често допирање од старана на посетителите, треба континуирано често да се пребришуваат со дезинфициенси на база на алкохол.

Никола Ивановски

Leave a Reply