Од утре стабилизација на времето

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Минималните температури ќе се движат од 11 до 18 степени целзиусови, додека максималните ќе бидат во интервал од 21 до 30 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време, со услови за врнежи од дожд и грмежи во попладневните часови. Максималната дневна температура ќе достигне 23 степени.

Утре ќе настапи постепена стабилизација, но во северните делови се уште ќе има услови за краткотраен попладневен дожд. Потоа следува период на претежно сончево и топло време.

Leave a Reply