Од утре се очекува северен ветер и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Во поголем дел од земјата утрово е магливо и студено со ограничена хоризонтална видливост. Само во Гевгелија и во некои од повисоките места,  како и на планините е сончево со мала до умерена облачност. Дува слаб северен ветер.

Loading...

Претпладне по котлините ќе биде магливо со ниска облачност, а попладне ќе има делумно расчистување. На повисоките места и планините ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб северен ветер. Температурата во местата со магла ќе достигне од 2 до 6 степени, а во останатите подрачја од 7 до 14 степени.

Утре ќе биде малку до умерено облачно, претпладне со појава на магла по котлините. Ќе дува слаб, а кон крајот на денот како  и во четврток умерен северен ветер, кој ќе предизвика намалување на условите за појава на магла по котлините.

Во наредните денови дневните температури ќе опаднат и во останатите места.