Од утре пониски цени за роаминг во Србија и БиХ

Сподели со своите пријатели

Согласно потпишаната Спогодба меѓу државите во септември лани, од утре ќе се разговара по пониски цени во роаминг во мобилната телефонија меѓу Македонија, Србија и Босна и Херцеговина,

Loading...
Според договорот, за минута појдовен повик ќе се наплаќа по 17,9 денари, а за дојдовен по пет денари.
СМС-порака ќе се испраќа за 5,5 денари, а мегабајт интернет ќе чини 43 денари. Цените се без пресметан ДДВ, а  ќе важат до 30 јуни следната година, по што ќе следи ново намалување.
Тогаш минута разговор треба да се наплаќа за 14,76 денари, СМС порака 4,92 денари, а мегабајт интернет 27,6 денари.
Од 1 јули 2017 година, пак, цената за минута разговор треба да чини 11,6 денари, СМС-пораката да се намали на 3,7 денари, а интернетот до 12,3 денари за 1МБ.
Со сегашните цени од македонските оператори за минута разговор во роаминг кон Србија и  БиХ се наплаќа од 80 до 150 денари, а за СМС од 16 до 20 денари.
Потписник на договорот е и Црна Гора но, според последните информации, за негова примена се чека на нови решенија за операторите од тамошното регулаторно тело.