Од утре нови цени на нафтените деривати

Сподели со своите пријатели

Од утре поскапува бензинот, а дизелот ќе биде поевтин, оваа одлука денеска ја донесе Регулаторната комисија за енергетика.

Loading...

Согласно одлуката, од полноќ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 50,50 денари по литар, што е поскапување за еден денар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголеми за половина денар по литар и ќе се продава по цена од 52,50 денари.

Намалување од половина денар ќе има на ЕУРОДИЗЕЛ, со што новата цена ќе изнесува 42 денари по литар.

Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за половина денар и е изнесува 31 денари по литар, додека мазутотот се намалува за 0,801 ден/кг и ќе изнесува 16,144 ден/кг.

Никола Ивановски

Leave a Reply