Од попладне обилни врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Пообилни врнежи ќе има доцна попладне и во текот на ноќта кон петок, кога локално се очекува да наврнат над 30л/м2.

Како што додаваат од УХМР; на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен.

Минималните температури ќе се движат од 8 до 16, а максималните дневни од 21 до 28 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за дожд и слаби грмотевици. Максималната дневна температура се очекува да достигне до 25 степени.

Утре претпладне сеуште ќе има локални врнежи од дожд, особено во југоисточните делови. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и посвежо, а локален дожд се очекува во ноќта сабота кон недела.

Loading...

Leave a Reply