Од полноќ нови цени на нафтените деривати

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави новите цени за нафтените деривати кои стапуваат на сила од ноќеска на полноќ.

Loading...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари/литар.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,00 ден/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 46,50 ден/лит.

Мазутот М-1 НС ќе се продава за 0,246 ден/кг поскапо и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,140 ден/кг.

Со оваа Одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 10.02.2020 година.

Leave a Reply