Обработени сите податоци во Куманово: Димитриевски со најмногу гласови

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски кој освои 32,82 отсто од гласовите или вкупно 15.151 глас и ова се официјални податоци откако Државната изборна комисија ги преброја сите гласови во Куманово.

Loading...

Веднаш зад него со минимална разлика е кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски кј има 32,71 отсто од гласовите, или освоил точно 15.098 гласови.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски освоил 18,56 проценти од гласовите или 8.567 гласови.

 

 

Беким Салиу, кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива има 9,21% или 4.254 гласови, додека Теодора Димитровска како кандидат на коалицијата ЛДП и ДОМ има освоено 1.026 гласови или 2,22 отсто.

Државната изборна комисија ги процесираше сите 167 избирачки места во Куманово, односно преработени се 99,88% од гласовите.

Loading...

Согласно гласовите, во Куманово ќе се одржи втор круг од изборите во кој ќе останат Максим Димитриевски и Оливер Илиевски.

Никола Ивановски