Обработени 99,4% од гласовите во Куманово

Сподели со своите пријатели

Недостасуваат резултати од само едно избирачко место за комплетни 100 отсто преброени гласови, од досегашните 99,4 отсто обработени податоци во Државната изборна комисија, 89,94% од гласачите се изјасниле „ЗА“, додека 6,70 отсто се изјасниле против по однос на референдумското прашање.

Вкупно 3,36 отсто од гласовите се неважечки.

Претставено во бројки, во Куманово денеска „ЗА“ гласале 29.891 гласач, против се изјасниле 2,227 лица, додека неважечки биле ливчињата на 1.116 граѓани. На гласање денеска излегле 36,20% од вкупниот број гласачи.

На ниво на државата од досега обработените 91,03% од гласовите, вкупно 91,41 отсто гласале „ЗА“, против биле 5,7 отсто од оние кои гласале, а неважечки ливчиња се 2,89 отсто од гласовите.

Претставено во бројки во Република Македонија денеска на гласање излегле 592.002 граѓани. Од нив позитивно се изјасниле 541.142 лица, против одговориле 33.756, додека бројката на неважечки ливчиња изнесува 17.104.

На гласање денеска излегле 36,36 отсто од граѓаните на Македонија со право на глас.

Leave a Reply