Облачно со врнежи од дожд и температури до 13 степени

Сподели со своите пријатели

Времето во текот на ноќта и раните утрински часови беше облачно со врнежи од дожд, особено во западните делови, а на планините врнежите беа од снег. Утрово по котлините има појава на слаба магла.

Loading...

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег е временската прогноза за денешниот ден од синоптичарите при Управата за хидрометеоролошки работи.

Пообилни врнежи ќе има во јужните делови на земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе достигне 12 степени.

Никола Ивановски

Leave a Reply