Објавиле фотографија на Фејсбук, а набргу на вратата им тропнала полицијата со казна (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Врз основа на фотографиите што ги објавиле на Фејсбук, еден брачен пар од Австралија минатата година добил висока парична казна за повеќе прекршувања на рестриктивните мерки.

Loading...

Единствениот проблем е што фотографиите се од последниот одмор.

Австралиската двојка била непријатно изненадена кога полицаец им заѕвонил на вратата и им изрекол казна од 3.300 долари за кршење на мерката за забрана на движење.

Џез и Гери Мот од австралиската држава Викторија објавиле фотографии на Фејсбук, но нивните селфи биле направени пред да стапи на сила забраната за движење.

Полицијата подоцна ги поништила казните по јавните критики.

„Понекогаш ќе се случат грешки, но затоа постои процес на проверка за да се осигура дека во такви случаи тие ќе бидат коригирани“, соопшти полицијата.

Leave a Reply