Објавени фотографиите од ќерките на Путин

Сподели со своите пријатели

Ако нечиј приватен живот е обвиткан со велот на тајната, тогаш тоа е животот на Владимир Путин, првиот човек на Русија и поранешен КГБ агент.

Неговиот живот посебно е тајновит во поглед на неговите мистериозни ќерки. Меѓутоа, изгледа дека сите работи се промениле бидејќи Путин неодамна за прв пат јавно зборуваше за нив.

Познато е дека Владимир со поранешната жена Људмила има две ќерки – Марија (32) и Екатерина (31), иако тој никогаш претходно ова го немаше потврдено.

 

Loading...

 

И во недостаток на информации јавноста ширеше разни приказни, од тоа дека тие живеат некаде далеку во странство до тоа дека не се само две, туку вонбрачни деца со разни други жени.

Не само што моите ќерки живеат во Русија, туку и се образуваа тука, во својата земја. Горд сум на нив, затоа што вредно работат и студираат, а зборуваат течно три европски јазици – изјавил Путин по традиционалната годишна конференција.

Не сакал да зборува со што се занимаваат тие.

Тие двете ги прават првите чекори во кариерите и добро напредуваат. Не сакаа да бидат „деца на ѕвезди“, затоа што не сакаат камери и рефлектори. Сакат мирно да живеат во сопствените животи – додал тој.

Сепак, познато е дека помладата ќерка на моќниот Русин, Екатерина е вработена на московскиот универзитет и дека се заниамава со акробација. Таа гопрезела презимето на баба и, Тикхонова, за да го заштити својот идентитет.

Повозрасната Марија завршила медицински факултет во Москва и е мажена. Неодамна се прошири вест дека овој пар добил син и дека Путин станал дедо, но тоа не е потврдено.