Обезбедени се пари за реконструкција на СОУ „Сами Фрашери“, но нема технички проект

Сподели со своите пријатели

Средства за реконструкција на кумановската Гимназијата „Сами Фрашери“ каде се одвива настава на албански јазик, се обезбедени уште кога министер за образование била Ренат Дескоска, меѓутоа и покрај изготвеното решение од општината, сепак се уште не е изготвена проектна документација за изградба на нов објект или пак реконструкција на постоечкиот, информираше денеска градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Loading...

Како што рече Димитриевски од страна на ооштината неспорна е намерата да се стори нешто, но сепак се е во рацете на Министерството за образование.

– Ќе бидам презадоволен ако во 2020 или 2021 отпочнеме евентуална подготовка за градба или реконструкција. Проблемот не може да се реши преку ноќ, но видов дека има намера и кај министерот и се надевам дека со зеднички сили ќе го решиме тоа, бидејќи пристапот со спортски објекти во Черкезе и Бедиње, а сега и во Техничкото училиште со плански парк, даваат една слика кај мене да сметам дека овој министер и министерството се партнери на Куманово, рече Димитриевски на денешната седница на Советот одговарајќи на советнички прашања.

Засега не е познато колкав е износот на обезбедените средства, бидејќи првин треба да се изготви целосна техничка документација, рече Димитриевски.

Како што додаде, заложбите во почетокот биле да се изгради ново училиште, но во буџетот на Министерството пари за такво нешто нема, па најверојатно ќе се оди на реконструкција на објектот на поранешниот ЗИК каде и е лоцирано оваа училиште.

Инаку, зградата на ЗИК во 2004 година Министерството за образование ја има купено за еден милион евра од тогашната Кумановска инвестициона банка во чија сопственост и бил објектот.

Loading...

фото: алсат-м/ архива КМ

Leave a Reply