Новиот премиер ќе присуствува на фрлање на крстот во Вардар

Сподели со своите пријатели

По повод чествувањето на празникот Богојавление  Водици, претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на парламентарните избори, Емил Димитриев, денеска ќе присуствува на чинот на положување на Светиот крст во водите на реката Вардар.

Настанот ќе се одржи на мостот кај хотелот „Холидеј Ин“.

Почетокот е предвиден за 11:45 часот.