Новиот нацрт-договор на COP28 ги повикува земјите постепено да ги исфрлат фосилните горива

Сподели со своите пријатели

На климатскиот самит на Обединетите нации – COP28 – во Дубаи, беше објавен нов нацрт на конечниот договор, со кој се повикуваат земјите да се префрлат од користење фосилни горива на други видови извори на енергија оваа деценија, но не и постепено да ги укинуваат, како што многу земји ги повикаа учесниците на самитот, пренесува Танјуг.

Loading...

Неизвесно е дали тоа ќе биде доволно за да се помине договорот, објави Би-Би-Си.

На ниту еден претходен самит на ОН за климата, земјите не се договорија за начините за постепено укинување на употребата на нафта, гас и јаглен.

Сите 198 земји кои учествуваат во COP28 мора да се согласат за да се постигне договор.

Согорувањето на фосилните горива води до глобално затоплување и досега владите никогаш колективно не се договориле да престанат да ги користат.

Акции за намалување на емисиите на гасови

Нацрт-договорот ги повикува земјите да преземат акција за намалување на емисиите на стакленички гасови, вклучително и тројно зголемување на глобалниот капацитет за обновлива енергија и удвојување на просечната годишна стапка на подобрување на енергетската ефикасност во светот до 2030 година, објави Ројтерс.

Се повикува и на транзиција од фосилни горива во оваа деценија со цел целосно да се укине користењето на овој вид гориво до 2050 година.

Нацрт-договорот предвидува значително намалување на емисиите на метан до 2030 година, како и постепено укинување на субвенциите за фосилните горива.

Loading...

Норвешкиот министер за клима и животна средина, Еспен Барт Еиде, рече дека е првпат светот да се обедини во јасен преглед за потребата од транзиција од фосилни горива.

Рејчел Клитус, директорка за политика и главен економист за Програмата за клима и енергија на Унијата на загрижени научници, рече дека новиот нацрт-договор испраќа силен сигнал дека светските лидери го препознаваат наглото оддалечување од фосилните горива и кон чиста енергија оваа деценија за постигнување на климатските цели.