Новинарите со саморегулација ќе придонесат да се врати честа на новинарската професија

Сподели со своите пријатели

Саморегулацијата во медиумите како принцип кој доведува до поголема професионалност и етички стандарди во новинарството, беше главната тема на денешната презентацијата на Советот за етика на медиумите во Македонија(СЕММ), што се одржа во ресторанот “Рим Париз” во Куманово.

Loading...

[huge_it_gallery id=”71″]

 

Членовите на Управниот одбор, на Жалбената комисија и на Извршната канцеларија го промовираа принципот на саморегулација, досегашните искуства на Советот за Етика и соработката со слични тела во меѓународни рамки.

Настанот беше искористен и за прикажување на поинтересните случаи кои досега биле обработувани од Жалбената комисија на СЕММ, како и ефектот на медијацијата што е една од главните алатки што ги применува Советот при решвањето на пријавите за непрофесионално и неетичко новинарство.

Поздравен говор и воведно претставување денес имаше Марина Тунева, директорка на Извршната канцеларија на СЕММ која се осврна на тоа што е саморегулација во медиумите и даде краток историјат на саморегулацијата во Европа.

Сефер Тахири, член на Комисијата за жалби при СЕММ 1претставувајќи ги надлежностите и процедури на функционирањето на СЕЕМ, објасни дека саморегулацијата како процес постои во повеќе земји од светот, а целта на овој принцип е новинарите сами да одлучуваат за професионализмот, за вредностите на новинарство, и сами да одлучат што е новинарство, што е факт и коментар,  како и за тоа да прават јасна дистинкција помеѓу она што претставува информација а што новинарски став со оглед дека некои новинари ја злоупотребуваат таа поделба.

– Саморегулацијата служи да ги раздвои новинарите од оние кои не се, односно да се направи разлика меѓу оние новинари кои извршуваат функции како пропаганда,  политичка комуникација или односи со јавноста.

Loading...

Во светот постојат 400 кодекси што ги пропишуваат однесувањето на новинарите, и тоа што е најважно за саморегулацијата е што овој принцип ќе ја уредува новинарската професија и уредувачката слобода, за да постои баланс помеѓу уредничка политика и слобода, без притоа да се злоупотребува слободата на изразување.

Саморегулацијата во медиумите во Македонија и суштината на процесот и значењето во актуелната медиумска стварност во Македонија беше презентирана од Насер Селмани, претседател на ЗНМ.