Новинарите можат да фотографираат избирачки места, обичниот граѓанин НЕ!

Сподели со своите пријатели

Медиумските работници смеат да фотографираат избирачки места, а граѓаните немаат право да го сторат тоа и истото е казниво.

Ддоколку фотографираат луѓе, на медиумските работници потребна им е нивна согласност, ова е ставот на портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска, откако екипата на Кумановски Муабети утринава беше спречена во следење на отворање на избирачко место.

Дел од избирачките одбори пријавиле во ОИК од каде велат дека медиумите не смеат да го фотографираат избирачкото место, па се поставува прашањето како тогаш би го следеле изјаснувањето? Тоа не била пракса досега, но со оглед на вчерашните случувања во дијаспората разбирлива е нивната збунетост.

– Доколку фотографирате луѓе побарајте нивна согласност, а фотографиите кои сте ги направиле на избирачките места можете да ги употребувате, ни објасни Гугучевска во краткиот телефонски разговор.

Претседателот на ОИК Куманово остана на ставот дека не смееме да фотографираме, па одговор побаравме и од ДИК.

Нашето присуство беше нотирано и од службеничка на МВР и од избирачките одбори, меѓутоа правото на известување не можете да го попречувате, како што ние не можеме да го попречуваме извршувањето на вашите работни задачи во текот на денешниот ден.

Leave a Reply