Нови закани во Шпанија: Полицијата заплени три коверти адресирани до конзулатите на Украина

Сподели со своите пријатели

Шпанската полиција запленила три коверти, адресирани до украинските конзулати во Мадрид, Барселона и Малага.

Loading...

Во пликовите наводно имало животински очи, соопшти Министерството за надворешни работи на Украина, пренесува РИА Новости.

Ова е продолжение на заканите до украинските конзулати во Шпанија, откако минатата недела беа испратени пратки до украинската амбасада во Мадрид, до производителот на оружје и други институции, додека еден плик беше упатен до премиерот Педро Санчез.