Нови судири во Нагорно Карабах – загинаа четворица ерменски војници

Сподели со своите пријатели

Четворица ерменски војници загинаа во напад на азербејџанските сили во Нагорно Карабах, соопштија властите на овој регион, за кој се спорат Ерменија и Азербејџан.

Loading...

„Единиците на вооружените сили на Азербејџан отворија оган врз ерменските позиции во текот на ноќта во областите Мартуни и Мартакерт, користејќи артилерија и беспилотни летала, објави Министерството за одбрана на Твитер.

Истите извори наведоа дека четворица војници биле убиени во „нова провокација од Азербејџан“, вели Бета.

Од вчера Вашингтон е домаќин на нови преговори меѓу Ерменија и Азербејџан, чија цел е да се реши конфликтот во Нагорно Карабах.