Нови пунктови за масовна вакцинација во Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово

Сподели со своите пријатели

Нови пунктови за масовна вакцинација ќе бидат отворени во Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово, а Владата веќе ги задолжи министерствата за здравство и образование и наука да ги направат неопходните подготовки.

Loading...

На вчерашната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за формирање регионални центри за КОВИД – 19 вакцинација и го задолжува Министерството за здравство, во соработка со Министерството за образование и наука и општините Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово, да го координира спроведувањето на неопходните активности за формирање на пунктовите по примерот на пунктот организиран во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје, велат од Владата.

Никола Ивановски

Leave a Reply