Нови масовни штрајкови на германските аеродроми и железници

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на Германија во четврток и петок ќе се соочат со нови масовни штрајкови во транспортниот сектор кои ќе зафатат неколку аеродроми и целиот железнички сообраќај, соопштено е денеска.

Loading...

„Не сакаме да ги казнуваме патниците, туку да го зголемиме притисокот врз железничката управа“, рече претседателот на синдикатот на вработените во железничкиот сектор ЕВГ, Козима Ингеншај.

Како причина за штрајкот на целиот железнички сектор, кој ќе се одржи в петок од 3 до 11 часот, таа ги наведе тешкотиите во преговорите за новиот тарифен договор.

ЕВГ преговара за своите вработени да ги зголемат платите за најмалку 650 евра и го отфрла предлогот на работодавачот ЕВГ да се усогласи и со неодамна постигнатиот договор меѓу вработените во јавните служби и државните работодавачи.

Германските железници (ДБ), најголемиот работодавач во преговорите со ЕВГ, го критикуваше најавениот штрајк кој, според нивните претставници, ќе предизвика големи потешкотии во сообраќајот и покрај тоа што е ограничен на половина ден.

„Овој штрајк е целосно непотребен и ќе влијае на многу патници секој ден“, рече претставникот на ДБ, Мартин Сејлер.

Со цел да се зголеми притисокот врз работодавците во тековните преговори, синдикатот на вработените во јавниот сектор Верди ги повика вработените на аеродромите во Дизелдорф, Келн/Бон и Хамбург на дводневен штрајк.

Пред неполни четири недели, синдикатите на вработените во транспортниот сектор штрајкуваа во координирана акција низ државата.

Loading...

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.