Новата револуционерна технологија го претвора пластичниот отпад во храна и гориво на иднината

Сподели со своите пријатели

„Микробна синтетичка биологија“ се базира на микроби на „пробиени“ гени, „програмирани“ да ги разложат молекулите на пластичниот отпад и да ги претворат во протеински …

Loading...

Купишта и купишта пластичен отпад ја гушат нашата планета со децении. Сепак, благодарение на новата идеја на двајцата научници, нивниот интересен план може да стави крај на загадувањето на светските мориња.

А тој план, колку и да звучи невообичаено, предвидува пластичното ѓубре да се претвори во – храна! Наместо да завршат на депонија или да продолжат да пловат по светските мориња, рециклираните пластични материи може да станат дел од исхраната на глобалното население во блиска иднина.

 

 

Биоинженерот од Универзитетот во Илиноис, Тинг Лу и биологот од Универзитетот за технологија во Мичиген, Стивен Тектман, смислија технологија која може да го претвори пластичниот отпад во протеини за јадење.

Технологијата, која Лу ја нарекува „микробска синтетичка биологија“, се базира на микроби на „пробиени“ гени, кои ги разградуваат молекулите на пластичен отпад и ги претвораат во протеини.

Loading...

Иако ова можеби не звучи како највкусен оброк досега, резултатот е протеин што може да се јаде, идентичен по својата структура и состав како и протеините што веќе ги јадеме, без оглед на нивното потекло, пренесува Футуризам.

 

 

Сепак, двајцата научници предвидуваат можност за користење на така добиениот протеин за други цели, па може да се очекува дека тој ќе се користи како основа за појава на ново гориво за во иднина.

– Микробите од нашето опкружување се во состојба да катализираат широк спектар на хемиски реакции, од кои многу би можеле да ја најдат својата примена во индустријата – рече Тектман, додавајќи дека неговите лабораториски студии за тоа како сложените микробиолошки заедници можат да „соработуваат“ во корист на технологијата и индустријата.

 

Loading...

Leave a Reply