Нова нестабилност на временската состојба и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Loading...

Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северозпадните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени. УВ=8

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време претпладне, а во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста и услови за нестабилност со дожд и грмежи.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.

Loading...

Како што додаваат од УХМР, во петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

За време на викендот нестабилно ќе биде на повеќе места, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за појава на град. Дневните температури ќе опаднат.

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply