НОВ БРАН: Пристигнуваат врнежи од дожд и снег и ново опаѓање на температурите

Сподели со своите пријатели

Утре попладне во западните делови ќе има појава на локален дожд.

Loading...

Во текот на ножга од запад со зголемена облачност ќе се прошират врнежи кои до изутрина ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а на југот ќе бидат особено пообилни.

Пообилни врнежи ќе има и во четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините особено во западните делови ќе врне снег, а понекаде и на повисоките места дожот ќе преминува во снет.

Од четврток и во следните денови повремено ќе дува засилен северен ветер.

Во текот на изминатото деноноќие најмногу дожд, односно 18 литри на метар квадратен наврнале во Куманово и Ѓуриште.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд претежно во источните делови, а попладне со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен претежно северозападен ветер кој вдолж пошироко Повардарието повремено ќе биде силен.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

Никола Ивановски

Loading...