Норвешка ги предупреди граѓаните: Подгответе се за случај на нуклеарна катастрофа во Украина

Сподели со своите пријатели

Норвешкиот министер за одбрана Одд Роџер Еноксен им порача на граѓаните дека, во случај на нуклеарна катастрофа во Украина, радиоактивни материјали може да прелетаат над Норвешка поради ветерот, пишува Тајмс.

Loading...

Извори блиски до државната одбрана велат дека министерот им рекол на граѓаните дека ќе добијат предупредување 72 часа однапред за да го подготват прифатилиштето.

 

Тешки загуби на елитниот руски полк во Украина кој служел и на Балканот

 

Залихи на лекови и храна

„Граѓаните ќе бидат предупредени 72 часа однапред да ги направат бункерите подготвени за употреба. Доколку сега ги користат за складирање, мора што поскоро да направат план за да ги извадат сите непотребни работи од нив“, вели извор близок до министерот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза

Тој, исто така, им рекол да подготват залихи со лекови за зрачење за деца и им препорачал Jodix, лек за блокирање на тироидната жлезда што се користи во случај на нуклеарно зрачење.

Loading...

Тој ги советува граѓаните и за снабдување со храна најмалку три дена за да бидат донекаде безбедни.

Предупредувањата не се поврзани со стравот од нуклеарна војна, туку се издаваат поради внимателноста околу нуклеарните централи во Украина и можни несреќи.

 

Русија прекинува секаква соработка на Меѓународната вселенска станица

 

„Овие потези се поврзани со нуклеарните централи во Украина“

„Овие потези се поврзани со нуклеарните централи на Украина и со несреќите што ги видовме, а не со заканата од нуклеарна војна. Украина има најголемо производство на нуклеарна енергија во Европа и ако се случи несреќа, како што беше случајот со Чернобил, сите ќе бидеме во Западна Европа погодени ако ветрот се движи во оваа насока.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јамајка ја призна државата Палестина

Норвешка ги забележа последиците од Чернобил години подоцна. Во лето всушност можеме да видиме пепел од запалена трева во Украина“, предупредува министерот.

Loading...

 

Германија купува ракетен систем за заштита од руски „Искандери“

 

„Иако Русија и Норвешка имаат релативно блиски односи со децении, војната што ја започна Владимир Путин означи пресвртница. Се плашам дека може да потрае долго време“, рече Еноксен, истакнувајќи дека Норвешка одлучила да купи повеќе авиони, тенкови и подморници и јакнење на домашната гарда.