По повод Велигден, во Куманово ќе се одржи свечен концерт со духовна и класична музика, насловен „Духовна светлина и воспев“.
Настанот ќе се реализира на 17 април (петок), со почеток во 19 часот, во Митрополитски соборен храм „Св. Никола“ – Куманово.
Оркестарот и солистите на „Симфониум“, под диригентската палка на Филип Петровски, ќе приредат концертно доживување со изведба на познатото музичко дело „Кавалерија Рустикана“ од Пјетро Маскањи.
Оркестарот „Симфониум“ претставува спој на ученици од гимназијата Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово и љубители на класичната музика, кои преку оваа изведба ќе ја пренесат духовната порака и празничната атмосфера.
Организаторите ги повикуваат сите љубители на музиката и уметноста да присуствуваат и да бидат дел од ова значајно културно доживување.

Никола Ивановски

