Од полноќ нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73% во однос на одлуката од 6.4.2026 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,084 ден/кг и сега изнесува 49,227 ден/кг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец се заканувал на партнерката и нејзиното семејство

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,703%, кај дизелот за 3,251%, кај екстра лесното масло за 3,960% и кај мазутот намалувањето е за 4,476%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,7165%.

Од 15.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин            ЕУРОСУПЕР БС – 95         82,00     (денари/литар)

Моторен бензин            ЕУРОСУПЕР БС – 98         84,00     (денари/литар)

Дизел гориво                   ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  95,50     (денари/литар)

Масло за горење            Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)     96,50     (денари/литар)

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МВР со 24-часовен маратон со акции за контрола на брзината

Мазут                                 М-1 НС                               49,227 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 15.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.