Ноќва врнежи од снег и ветер до 100 километри на час

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, претежно со слаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во ноќните часови врнежите насекаде ќе преминат во снег, а ветерот значително ќе се засилува и на места ќе достигнува околу 100 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Поради нагло спуштање на многу студена воздушна маса од север во текот на ноќта и утре преку денот ќе дува силен североисточен ветер, на места ќе достигнува брзина од 90 до 100 км/час.

Утре ќе има повремени врнежи од снег, особено претпладне, а на повеќе места ќе се формира помала снежна покривка. Дневната температура значително ќе се намали.

Од недела следува период на суво и ветровито време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст.

Leave a Reply