Нобеловата награда за хемија за развој на литиум-јонски батерии

Сподели со своите пријатели

Нобеловата награда за хемија оваа година ја добија Џон Б. Гудинаф, М. Стенли Вититам и Акира Јошино за развој на литиум-јонски батерии, соопшти Кралската шведска академија на науките.

Loading...

„Литиум-јонските батерии ги револуционизираа нашите животи, а ние ги користиме во сè, од мобилни телефони до лаптопи и електрични автомобили. Со нивната работа, годинашниот лауреат во хемија постави темел за едно безжично општество без фосилни горива”, се вели во соопштението.

Тие исто така добиваат награда од 9 милиони шведски круни (околу 1 милион евра или), златен медал и диплома.

Нобеловата награда за хемија е награда која секоја година ја доделува Кралската шведска академија на науките на научниците од различни области.

Тоа е една од петте Нобелови награди основана по волјата на Алфред Нобел во 1895 година, која се доделува за извонредни придонеси во хемијата, физиката, литературата, мирот, физиологијата или медицината.

Оваа награда ја управува Нобеловата фондација и ја доделува Кралската шведска академија на науките на предлог на Нобеловиот комитет за хемија, составен од пет члена избрани од Академијата.

Наградата е доделена во Стокхолм на годишната церемонија на 10 декември, годишнина од смртта на Нобел.

Leave a Reply