НИЗ ИСТОРИЈАТА: Какви биле желбите на кумановци за новата 1971 година? (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Да престанат војните во Виетнам, Индокина и Блискиот исток, меѓу другите, ова биле желбите на кумановци на влезот во (тогаш) новата 1971 година.

Loading...

Еден човек – десеттина, помалку или повеќе, реални желби. Во новогодишниот број „Наш весник“ пред точно половина век ги пренесувал новогодишните желби на деветмина кумановци.

Како пред половина век бил замислен изгледот на Куманово во 90те?

Живко Гаревски, лекар во Школската амбуланта

 

 

Како лекар во Школската амбуланта, најголема желба во Новата 1971 година ми е сите ученици да бидат здрави и способни за учење, разонода и спорт.

Loading...

Интимната желба во однос на првата ја ставам во втор план, а тоа е да напредувам во службата во смисла на стручно усовршување, кое секако ќе ми овозможи поголеми и позначајни резултати во областа на медицината. Покрај тоа, радосно детство му посакувам на мојот син Бојан.

Проституцијата во Куманово кон крајот на 60-те години

Во караванот жеби во Новата година ќе издвојам уште една: да стивнат татнежите од бомби и ракети во Виетнам, Индокина и на Блискиот исток.

Елена Илиевска, медицински лаборант

Најголемиот број од моите ќелби се сведени во кругот на семејството. Една од желбите на која старата година, додека важеше за „нова“ не ѝ посвети доволно внимание, е вселување во нов стан, па мора да ѝ се „натовари“ како обврска на Новата 1971 година.

Паралелно со ова, Новата година да биде година на целосен општествен и мој прогрес и напредок во службата, моја и на мажот ми. „чекор јас, чекор тој“, во струката, а нашите деца Сузана и Момчило нека си останат на истата одлична позиција во учењето.

Во 1968 година Куманово имало 106 милионери

Од поскромните и пореални желби ќе издвојам една: Новата година нека ви го сочува сегашниот соработувачки колегиум и нека ни донесе уште поголема присност, колегијалност, топлина и разбирање во секојднавната практика.

Loading...

Миле Николовски, ученик во Металскиот училишен центар „Наце Буѓони“

 

 

Калкулацијата на моите желби во Новата 1971 година тежнее кон голем плус во математиката: да се квалификувам во финалето на Републикиот натпревар по математика, плус, да се потковам со добри знаења, да ме послужи малку и среќата, да фатам едно од врвните места на натпреварот.

Што му посакувале кумановци на градот пред половина век?

Се на се, рака под рака со математиката во Новата година, бидејќи од VI одделение, кога на еден Републички натпревар го освоив првото место, речиси и заборавив како се чувствува човек со слава.

Да не заборавам, во мала интимна заграда, што ни пред минус ни пред плус се брише, и понатаму нека вирее среќата и љубовта наша, моја и на мојата девојка.

Loading...

Иван Томовски, војник од Касарната „Христијан Тодоровски Карпош“

 

 

Новата година ја дочекувам со повеќе желби и би сакал барем дел од нив да ми се исполнат. Првата од нив е врзана со успешното совладување на обуката и завршување на воениот рок. Дури откако ќе го извршам овој долг кон татковината, ќе пристапам кон реализација на сите други желби.

Кумановци биле гости на роденденот на Тито

Loading...

Тие се главно сврзани со враќање на работното место и продолжување на новинарската кариера. Покрај тоа би сакалгодинава да го положам и последниот испит на факултетот и да ја земам дипломата. Со малку повеќе труд верувам дека желбите ќе ми се исполнат.

Миланка Тодоровска, дипломиран инжинер технолог

 

 

Loading...

Од грстот желби што ги имам за идната година, многу ми е тешко да издвојам некоја. Сепак, во 1971 година би сакала, тоа да ми е и најголемата желба, да патувам во странски земји. Патувањето ми е голема пасија и тоа го спроведувам кога има можности.

Како изгледал повикот за регрутирање во некогашната ЈНА?

Идната година би сакала да ги посетам земјите на Блискиот исток и древните претставници на старата цивлизиација Индија, Јапонија и други. Би сакала да видам како со времето течела нивната историја, како напредувале и какви се нивните прастари обичаи.

Тоде Илиќ, дипломиран инжинер

 

Loading...

 

Во 1971 година влегувам со желба која ме преокупира веќе подолго време. Тоа е завршување на новата технологија за поризводство на леб што пред извесно време почнав да ја спроведувам. Квалитетот и другите особини на лебот преизведени на нов начин се далеку подобри од досегашните.

Тито бил во Куманово на 10 минути, но го поздравиле над 10.000 граѓани (ФОТО)

Со реализација на замислената модернизација и реконструкција, покрај тоа што ќе станеме најмодерни во Републиката и во земјата, ќе имаме и производство на повеќе видови леб и бели печива. Токму ова најмногу го посакувам затоа што сум млад и за мене ќе претставува пресвртница во животот.

Милица Зафировска, работничка

Loading...

 

 

На прагот на секоја нова година интимно во мене се разбудува некоја желба. Годинашниве желби не се родени во ова време, туку се постари. Пред секој први јануари си помислувам дали во годината што доаѓа ќе го решам станбеното прашање како најголема желба.

Кога биле поставени првите пешачки премини во Куманово?

Loading...

Мислам дека за остварување на желбата во 1971 година имам услови. Практично, спремна сум да купам сопствена куќичка. Покрај ова, голема желба имам да ја запослам ќерка ми, која подолго време седи без работа. Ако двете ќелби ми се остварат, 1971 година ќе ми биде една од најсреќните години.

Стојан Арсовски, работник

 

 

Речиси 25 години имам нереализирана ќелба, која годинава прерасна во кула и е на прагот на остварувањето. Долгогодишната желба што досега љубоморно ја чував е да изградам сопствена куќа за сместување на моето семејство. Затоа и во 1971 година посакувам да добијам сопствен дом бидејќи имам услови.

Зошто Куманово бил рекордер по смртноста на новороденчињата во 60те години?

Доколку надлежните фактори ми дозволат да градам куќа на сопствениот плац, мојата дваесет и петгодишна желба ќе биде остварена.

Османи Регаипе, учителка во ОУ „Бајрам Шабани“ Куманово

 

 

Во Новата 1971 година и општо во животот имам повеќе желби, но од сите најголеми ми е да го решам станбеното прашање, и се разбира, да го уредам потоа станот. Исто така сакам во Новата година мојот маж да се врати од Холандија каде се наоѓа на работа и да се запосли во Куманово.

Македонскиот огранок на ОЗНА бил формиран во Куманово, а ова биле првите соработници

Имам уште неколку желби, пред се да се запосли мојата ќерка, одделението што го водам да постигне поголеми резултати и многу други желби.

Извор: „Наш весник“ – 1 јануари 1971 година

Leave a Reply