Проституцијата во Куманово кон крајот на 60-те години

Сподели со своите пријатели

Проституцијата се смета за еден од најстарите „занаети“ во човештвото, а тоа не било непознато ниту во историјата на Куманово, ниту пак во неговата сегашност.

Loading...

Кон крајот на шеесетите години од минатиот век за оваа појава започнало јавно да се зборува по што надлежните органи започнале да преземаат активни мерки за нејзино сузбивање.

Во 1969 година Службата при Одделението за внатрешни работи во Куманово во својата евиденција имала 14 проституки од кои седум биле регистрирани повеќе од пет години. Другите седум биле од други места на земјата, а имало и четири малолетнички.

Причините за оддавањето на проституцијата биле од најразличен вид. Сепак, доминирале неколку фактори, пред се несредените семејни односи кај некои домаќинства, невработеноста или отпуштањето од работа на некои жени, а со тоа пресушување на изворот на егзистенција.

Многу честа била појава во Куманово да доаѓаат проститутки од други места особено од Скопје и од тогашна Социјалистичка Република Србија, кои по завршувањето на деликтот и остварената заработка (која најчесто била добра), го напуштале градот.

Во 1968 година во градот биле регистрирани четири такви случаи и биле изречени исто толку казни.

Проблемот бил познат на надлежните органи, па ако случајно се добил впечаток дека некоја жена е склона да се оддаде на проституцијата, пред да го направи својот чекор, таа била повикувана на разговори, ѝ се укажувало на последиците до кои би ја довел таквиот чекор.

Извор: „Наш весник“ број 180 (вторник, 15. април 1969. година)

Loading...

Leave a Reply