Што му посакувале кумановци на градот пред половина век?

Сподели со своите пријатели

На 24-от роденден на Куманово (од ослободувањето) никој не го криел задоволството од новите слики на централното градско подрачје, периферијата во која работеле индустриски гиганти, и се она што било создавано години наназад, години на напредок и настојување да се направи уште повеќе.

Желбата градот да биде поубав ја носеле во себе сите негови жители. Ние пронајдовме еден текст кој датира од далечната 1968 година, во кој дел од кумановци кажуваат како сакаат да им изгледа градот во следната година и во иднина.

Loading...

ЖИВОТ БЕЗ СМАРТФОНИ: Пред 53 години Куманово добил автоматска телефонска централа

Потоа проценете самите, што од нивните желби е исполнето до денеска.

Јованка Зафировска, младинка – приправник

– Во моите мисли и желби Куманово за својот 25. роденде е навистина прекрасно. Сакам за својот јубилеј тоа да има многу нешта што сега му недостасуваат. Јас сум младинка, па оттаму е и разбирливо што сакам младината да има во градот свој дом, во кој ќе се чувствува вистински младински полет и живот. Желба ми е градот да има и една градска бања во која луѓето што немаат бањи во своите станови би се капеле. Би сакала исто така да биде извршена и изградбата на Интермедијарниот центар кој ќе овозможи болничкото лекување во нашата општина да биде малку поефикасно за сите оние на кои тоа им е неопходно. Со еден збор, сакам градот да биде посреќен заедно со сите негови жители кои работат на тоа.

Кога биле поставени првите пешачки премини во Куманово?

Стојан Пандиловски, милиционер

Задоволен сум што за овие години по ослободувањето нашиот град скоро од корен го промени својот лик. Сега е поубав, разубавен со новоградбите, со новите стопански објекти, училиштата, улиците и сето она што би се нарекло негов крвото. Сепак, како што никаде нема ништо совршено и Куманово има нешто што би сакал на неговиот иден роденден да го нема. Така на пример, да се изградат повеќе современи улици, а оние во новоизградените населби да се направат и да ја снема калта во нив. Како милиционер, би сакал градот да има помалку или сосем да нема престапници и прекршители на сообраќајните прописи кои предизвикуваат многу непожелни последици.

Како пред пет века започнал развојот на Куманово?

Loading...

Сретен Крстиќ, пензионер

Би сакал нашиот град, до идната година кога ќе го празнува својот дваесет и петти роденден, 25 години од неговото ослободување, да биде почист. Голем недостаток кај нас е тоа што градот се уште нема добри работници во трговските дуќани или поправо недостасуваат доста продавачи кои ќе имаат беспрекорен однос кон потрошувачите. Исто така, голем број продавачи, особено од месарниците, слаткарниците и од другите трговски дуќани, за прехранбени артилки, излегуваат надвор од продавниците облечени во работната облека, што е за секаква осуда, па дури и подлегнува на казнување. Покрај ова, нивната облека најчесто не е доволно чиста, дури може да се рече и не личи на работна облека на еден продавач. Таа не се менува и по неколку дена (ова особено се однесува на месарите).

Македонскиот огранок на ОЗНА бил формиран во Куманово, а ова биле првите соработници

Затоа мојата желба е Куманово во идната година да забележи виден напредок на ова поле, зошто сите велиме дека сакаме да биде изградено, со повеќе продавници, повеќекатници и друго, а на ова прашање, што е многу важно, не му обрнуваме доволно внимание.

Извор: „Наш весник“ број 171 (понеделник, 11. ноември 1968. година)


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *