Николовски во посета на Општина Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Заменикот на Претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска беше во работна посета на Општина Куманово.

Loading...

 

 

На работната средба, како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски преку социјални мрежи, се разговарало на теми во делот на транспарентно работење на Општина Куманово.

– Општината е во група на најтранспарентни општини во државата, која ќе продолжи да работи во борбата против корупција на сите нивоа, со взаемна соработка помеѓу институциите. Единствена цел е граѓаните целосно и во најкус можен рок да ги добијат потребните услуги од општината, а воедно и да имаат целосен увид во делот на работењето на општинските јавни претпријатија, институции и служби, напиша Димитриевски.

 

Loading...

 

Општината активно работи за имплементација на системските мерки и спроведува активности за сузбивање на корупцијата, напиша Николовски.

– Со градоначалникот Максим Димитриевски ги делиме истите ставови во поглед на елиминирањето на ризиците од корупција во локалната самоуправа. Општината активно работи за имплементација на системските мерки и спроведува активности за сузбивање на корупцијата. Преку зголемување на транспарентноста и отчетноста на општините придонесуваме за ефективни и етични услови за граѓаните и одговорно и домаќинско работење на локалните избраници. Градиме модерна и правна држава која негува европски вредности, стои во објавата на Љупчо Николовски.

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply