23.05.2018 13:29

Никола Груевски доби затворска казна од две години


Поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски доби две години затворска казна за примање награда и противзаконито влијание во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес од 600.000 евра, јавува порталот МКД.мк.

Шест години шест месеци затворска казна, беше изречена за Ѓоко Поповски, поранешен заменик министер за внатрешни работи.

Во случајот обвинета е и поранешната министерка Гордана Јанкуловска, за која постапката е издвоена поради ризична бременост.

Груевски не присуствуваше на денешното изрекување на пресудата.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments