Никој не се јави за збор на јавната расправа за задолжување на Општина Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманвоо денеска организираше јавна расправа во однос на долгорочното задолжување од еден милон евра, средства со кои ќе се набави техничка опрема за јавните претпријатија.

Loading...

На јавната расправа, која траеше пет минути, присуствуваа поголем број граѓани, но и претставници на невладиниот сектор.

 

 

По краткото излагање на Маја Петровска од Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции при Општина Куманово, која го образложи проектот, зборот беше даден на присутните, но никој не се јави за дискусија.

 

Loading...

 

Со оглед дека никој немаше ништо против нацрт одлуката за задолжување, истата повторно ќе се најде пред советниците во Советот на Општина Куманово кои ќе треба да ја изгласаат одлуката, а кон крајот на годината и да се отпочне проектот.

Никола Ивановски

Leave a Reply