Ни претстојат врнежливи денови

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има попладне, особено во западните и југоисточните делови.

Loading...

Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со максимална дневна температура до 5 степени. Во попладневните часови се можни и услови за врнежи од дожд.

Како што додаваат од УХМР, циклонска активност со центар во јужните делови на Европа ќе услови и во текот на неделава да има повремени врнежи од дожд и снег на пониските места и само снег на планините. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во петок кога ќе бидат претежно од снег.

Утре ќе дува умерен југоисточен ветер, а од четврток ќе го промени правецот во северен.

Leave a Reply