НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Пронајден брод од времето на Исус (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Група археолози наишле на остатоци од брод од времето на Исус Христос во близина на брегот на Кефалонија. Го нарекле „Фискардо“, во чест на блиското пристаниште за риболов.

Loading...

Остатоците биле пронајдени со помош на потрага по морското дно преку слики од сонари околу островот Кефалонија, пренесува списанието за археолошки науки.

Излегува дека Фискардо е еден од четирите најголеми остатоци пронајдени во Средоземното Море и датираат од оваа ера.

Тим експерти од областа на морската геологија, подводната археологија, океанографијата и предисторијата ги испитале остатоците за да се утврди периодот во кој биле користени, и откриле дека остатоците припаѓаат на време меѓу 1 век од старата и првиот век од новата ера.

Бродот стоел на морското дно со буриња со вино, маслинки и жито. Садовите, познати како амфори, биле добро сочувани и на бродот имало околу 6.000 кога потонал.

Бродот е долг 34 метри и широк 13 метри. Сè уште не е решено дали да се подигне од дното на океанот.

„Половина од тоа е затрупано во талог, така што имаме големи очекувања дека доколку почнеме да копаме, во иднина ќе пронајдеме дел  трупот на бродот или целата дрвена конструкција“, рекол еден од истражувачите на тимот.

Leave a Reply