НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА: Имала 3 месеци кога била посвоена: По 25 години животот и се менува од корен (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Анаис Бордиер (33) од Јужна Кореја имала само три месеци кога ја посвоиле нејзините родители од Париз.

Loading...

Нејзините документи велат дека нема браќа и сестри, но секогаш замислувала да има сестра.

Во 2012 година, таа отишла во Лондон да студира моден дизајн и еден ден, сосема случајно, на Јутуб открила дека има сестра близначка.

„Имав имагинарна пријателка по име Ана и таа секогаш беше со мене. На сите им зборував за неа, иако не знаев во тоа време дека навистина имам сестра”, рече Анаис.

„Видов видео на YouTube во кое бев јас. Беше чудно затоа што не го снимав видеото. Бев сигурна дека е шега, освен ако не сум била толку пијана, па не се сеќавам. Тоа беше најчудната работа, едноставно не можев да разбирам. Нашата коса беше иста, имаше дури и пеги – што е навистина невообичаено за една азиска девојка. Но, таа зборуваше со американски акцент. Се обидов да останам смирена, но почувствував дека се случува нешто неверојатно”, раскажува Анаис.

 

 

Loading...

Таа два месеци се обидувала неуспешно да ја пронајде девојката од видеото, а потоа во февруари 2013 година, нејзината пријателка Келсанг повторно ја видела девојката – во најава за филм.

„Рацете ми трепереа кога го погледнав нејзиното име и ја најдов Саманта Футерман. Тогаш го видов датумот на нејзиниот роденден – 19 ноември 1987 година, а тогаш сум родена и јас. И таа беше од Кореја. Глас во мојата глава рече дека е моја сестра близначка “, вели оваа жена.

Кога и кажала сè на својата мајка, тогаш и испратила порака на Саманта на Фејсбук.

Нестрпливо чекала одговор една недела. Во меѓувреме, во Лос Анџелес, Саманта се подготвувала за премиерата на филмот.

„Кога видов дека некој што изгледа исто како мене, ми испратил порака, најпрво помислив дека некој лудак ги грабнал моите слики. Потоа ја прочитав пораката и се шокирав”, открила Саманта.

Почнале да се допишуваат и по три месеци, решиле да се состанат. Саманта пристигнала во Лондон.

 

Loading...

 

„Кога ја отворив вратата, се чувствував како да ќе се онесвестам. Не можевме да престанеме да се гледаме една во друга”, се сеќава Анаис.

Без разлика дали поминуваат време заедно или се разделени, секоја година го одбележуваат датумот на состанокот.

„Едвај чекам да остарам и да им кажам на внуците приказна за тоа како се запознавме. Едноставно, имаме толку многу заедно да очекуваме”, заклучила Анаис, пренесува The Sun.

Leave a Reply