Неуништливата Лада Нива наполни 45 години: Колку се произведени до денес?

Сподели со своите пријатели

На 5 април 1977 година започна сериското производство на легендарниот руски теренец. За 45 години продадени се 2,5 милиони примероци, а околу 700.000 од нив завршиле во странство. Иако моменталната ситуација е многу неповолна, производството на овој модел продолжува, Лада Нива продолжува пркосно да ја покажува својата неуништливост.

Loading...

Кога за прв пат беше претставена во јавноста, Лада Нива беше опишана како автомобил кој ја има брзината и удобноста на Жигули заедно со теренските способности на UAZ. Производството започна на почетокот на април 1977 година, додека првиот модел наменет за извоз дебитираше на Саемот за автомобили во Париз во 1978 година.

 

 

Набргу потоа, Лада Нива сочинуваше 40% од сите SUV продадени во Европа, и беше единствениот советски автомобил продаден во Јапонија, па дури и го инспирираше нивниот Suzuki Samurai. Поради големата побарувачка во странство, домашните купувачи мораа да чекаат долго за нивната копија, иако  Нива првично беше наменета за советските граѓани.

 

Loading...

 

Оригиналната  Нива имаше 1,6-литарски атмосферски мотор со 76 КС и 126 Nm поврзан со четиристепен мануелен менувач и постојан погон на сите тркала. Треба да се напомене дека овој модел беше наречен Нива 1600 за пазари надвор од СССР, додека домашната верзија имаше ознака ВАЗ-2121 (алтернативно Нива 2121 или ВАЗ Нива). Верзиите пред 1985 година се сосема различни по дизајн од поновите генерации и се многу ретки, па затоа се добро ценети од колекционерите на класични возила. Некои примероци достигнаа и до 40.000 евра на аукции.

 

 

Лада Нива е и првото возило кое поминало повеќе од 10 години на Антарктикот, бидејќи советската експедиција го користела за транспорт на патници и стоки. Оваа  Нива помина повеќе од 40.000 километри на температури кои се спуштија до -54 степени, што ја покажува доверливоста и теренската способност на овој автомобил.

Легендарниот теренец извесен период се произведуваше и надвор од Русија. Во доцните 1980-ти и почетокот на 1990-тите, грчката Automeccanica произведе различни верзии на Лада Нива, па дури и направи кабриолет варијанта во сопствен аранжман. Овој теренец се склопуваше и во Еквадор од 2000 до 2004 година.

 

Loading...

 

Актуелната Лада Нива има две верзии, модерната со ознака Travel, додека легендарниот SUV кој сите добро го знаеме се нарекува  Нива Legend. Поради санкциите наметнати на Русија, производството на овој модел е забавено, но се чини дека Лада Нива сепак ќе остане со нас и ќе биде поблиску до оригиналот од кога било.