Нетфликс ги губи своите претплатници, им се намалуваат и приходите, а следуваат и отпуштања

Сподели со своите пријатели

Отпуштањата главно ќе влијаат на филијалата во Калифорнија која вработува околу два отсто од северноамериканскиот персонал. Нетфликс како причина за отпуштањата ги наведува падот на приходите, јавува Би-би-си.

Loading...

Не е откриено кои делови од бизнисот ќе бидат засегнати, но Лос Анџелес Тајмс објави дека тоа се секторите за вработување, комуникации и содржина.

 

 

Нетфликс се бори со намалување на претплатниците. Во април Нетфликс изненади со објавата дека изгубиле 200.000 претплатници во првиот квартал од 2022 година и предупреди дека може да остане без уште два милиони во следниот квартал. После тоа нивните акции се намалиле за 35 отсто за еден ден. Тие сега се тргуваат по 190 долари, 46 отсто помалку отколку пред објавувањето на падот на претплатниците.

Иако Нетфликас има 220 милиони претплатници на глобално ниво и очигледно останува лидер на пазарот, неодамна се соочи со жестока конкуренција од платформи како што се Disney Plus, HBO и Prime Video на Amazon.

 

Loading...

 

Во минатомесечниот извештај за заработка, компанијата рече дека бројот на претплатници бил оштетен од војната во Украина и одлуката да се зголемат цените во САД. Се проценува дека само повлекувањето од рускиот пазар однело 700 илјади претплатници на Нетфликс.

Некои аналитичари веруваат дека по зголемувањето на бројот на претплатници за време на пандемијата, Нетфликс остана без едноставни начини да го развие својот бизнис. Компанијата бара поевтин бизнис модел базиран на реклами и шпекулира дека планира да престане да споделува лозинки меѓу домаќинствата.