Нетанјаху: Во моментов нема можност преостанатите заложници да се вратат дома

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „во моментов не постои можност“ заложниците кои се уште ги држи палестинската милитантна група Хамас во Газа „да се вратат дома“.

Loading...

Тој се сретна со семејствата на заложниците кои претходно ги ослободи Хамас, а како што пренесува Ројтерс, неколку членови на семејството кои присуствувале на состанокот жестоко ја критикувале израелската влада.

Една неименувана поранешна жена заложник, чиј сопруг сè уште е во заробеништво, го обвини Нетанјаху дека ја става политиката над преостанатите 138 заложници.

„Ја видов 85-годишната Арија Залманович како умира пред мене. И немате што да кажете за тоа, дека сакате да го соборите режимот на Хамас?“, рече таа.

Нетанјаху рече дека „слушнал приказни што ми го скршиле срцето, за сексуални напади и случаи на силување, за глад и жед“.

Состанокот се одржа во време кога продолжија борбите во Појасот Газа по седумдневна пауза во која беа вратени повеќе од 100 заложници од енклавата.