Нетанјаху и Бајден повикаа на осуда на сексуалните злосторства од страна на Хамас

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги обвини меѓународните организации за човекови права дека замижуваат пред наводите за силување од страна на екстремистите на Хамас за време на прекуграничните напади во јужен Израел на 7 октомври.

Loading...

Очевидци и здравствени експерти рекоа дека екстремистите на Хамас силувале пред да убијат жртви во тие напади, но обемот на сексуалното насилство останува непознат, според АП.

На синоќешната прес-конференција Нетанјаху ја обвини меѓународната заедница дека ги минимизира нападите, па дури и ги игнорира.

Тој рече дека очекува сите цивилизирани лидери, влади и нации да се изјаснат против злосторството.

Во меѓувреме, во Бостон, американскиот претседател Џозеф Бајден го повика светот да ги осуди актите на Хамас „недвосмислено“ и „без исклучок“.

Тој, исто така, нагласи дека „одбивањето на Хамас да ги ослободи преостанатите киднапирани млади жени“ стави крај на привремениот прекин на огнот и договорот за заложници со посредство на САД.

АП наведува, осврнувајќи се на учесниците на музички фестивал на отворено на југот на Израел во времето на нападот на палестинските екстремисти и болничарите кои дојдоа на местото на масакрот, и првата проценка на израелските организации за човекови права, дека имало сексуални злосторства.

И додека истражителите сè уште се обидуваат да го проценат обемот на ваквите напади, Владата на Израел ја обвинува меѓународната заедница, а особено ОН, дека ја игнорираат болката на израелските жртви.

Loading...

„Им велам на организациите за правата на жените, на организациите за човекови права, сте слушнале за силување на израелски жени, ужасни злосторства, сексуално осакатување – каде сте по ѓаволите?“, рече Нетанјаху синоќа на англиски за да ја нагласи поентата.

Претседателот Бајден ги нарече извештаите за сексуално насилство „ужасни“ и апелираше до светот да ја осуди „ужасната и незамислива суровост“.