Неочекувани активности кои го намалуваат ризикот од прерана смрт

Сподели со своите пријатели

Градинарството, перењето на подот, чистењето во кујната можат да ви го спасат животот, тврди новото истражување.

Во извештајот од универзитетот Мекмастер во Канада, наведено е дека чистењето дома само половина час дневно го намалува ризикот од смрт за дури 28 отсто и ризикот од срцеви заболувања за 20 отсто.

Loading...

Колку повеќе работа ќе завршите, тоа е подобро за вашето здравје. Доколку сте активни 750 минути неделно, ја намалувате шансата за прерана смрт за 40 отсто.

 

 

Во ова истражување учествувале 130.000 луѓе кои биле следени седум години. Учесниците се стари меѓу 35 и 70 години и живеат во 17 различни земји.

Секој од учесниците дал известување околу својот социоекономски статус, животните навики, здравствената историја, семејната историја околу кардиоваскуларните заболувања, тежина и висина и висината на притисокот.

Исполниле и прашалник за нивната физичка активност со која се занимаваат.

Loading...

 

 

Откриено е дека осум проценти од смртта би биле спречени, а процентот на заболени од срцеви заболувања би се намалил за пет отсто кога секој би имал 150 минути физичка активност неделно.

Доколку не сте тип кој обожава да чисти, тогаш можете и да пешачите до работа или да започнете со вежбање.

Leave a Reply