Некому нејзините огромни трепки се одлични, додека други ја критикуваат: „Изгледаат како куп пајаци!” (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Лексис од Мериленд во САД е експерт за убавина, чии огромни и разлетани екстензии на трепки предизвикаа дебата меѓу корисниците на Tik Tok. Имено, нејзините видеа на клиенти со огромни трепки ги гледаат илјадници и илјадници луѓе, но едно од таквите видеа посебно привлече внимание. Три работи што треба да ги направите за вашата шминка да трае цел ден

Loading...

Според Сонцето, во видеото кое има повеќе од 823 илјади прегледи на Tik Tok, Лексис покажа една од своите најнови креации. Надградбите на трепките беа толку дебели што го покриваа целиот очен капак на клиентот, а некои влакна допираа до веѓите.

 

 

Иако не е по сечиј вкус, Лексис има голем број клиенти кои бараат сличен изглед, а таа често поставува слики пред и по нејзините екстензии на трепките. Многумина и дадоа поддршка на нејзината техника која инаку често добива лоши коментари на социјалните мрежи. Некои луѓе ја бранат велејќи дека сепак тоа е само нејзина работа и дека таа само ги исполнува желбите на клиентите. „Ако сфатите дека оваа личност побарала и платила многу пари за да и изгледаат трепките така, очигледно и се допаѓа“, напишал еден корисник на Tik Tok во коментар под видеото.

 

Loading...

 

– Добра е во работата, клиентот го побарал токму тоа – додал друг корисник. Сепак, имаше многу на кои не им се допаѓаа трепките и не им беше јасно како некој може да гледа низ такви трепки, а изгледот го споредија со куп пајаци. „И да побара, требаше да и одговориш, не е хигиенски“, напишал еден противник на оваа техника. „Зошто некој би мислил дека ова е прифатливо и изгледа добро“, додаде друг. Некои од оние кои се против такви гломазни трепки како што е Лексис ѝ пишаа да размисли внимателно за промена на кариерата. Tиктокeрка прави хипнотизирачки колачи: Нејзините „креации“ ги следат милиони!

 

@ohthats.lexiss

#fyp #lashes in the D(M)V area🐐🔥

♬ Free Mind – Tems