Неколку лица од Липково и Куманово ќе одговараат за фалсификување документи

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.И.(66) од село Слупчане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поттикнување“ во врска со „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против М.С.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, против М.С.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „лажно преставување“ и против А.Р.(38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во текот на 2016 година, првопријавениот, како сопственик на ДПТТУ „Хени компани“ ДООЕЛ село Слупчане, на второ и третопријавената им понудил 16.000 евра за да убедат сопственик на приватна фирма од Куманово да овозможи на ДПТТУ „Хени компани“ да се приклучи на трафостаницата за електрична енергија, сопственост на фирмата.

По ова, на 15.06.2016, второ и третопријавената изготвиле лажна тековна состојба за фирмата, во која ја навеле третопријавената како управител на наведеното правно лице, по што изработиле и лажен печат од истото, како и лажен договор за купопродажба на дел од високонапонска мрежа, помеѓу првопријавениот како купувач и приватната фирма како продавач.

Потоа, на 16.06.2016 во Куманово, прво и третопријавената, претставувајќи се како управители на фирмата го завериле ваквиот договор кај четвртопријавениот, нотар на подрачје на Куманово, по што првопријавениот, го употребил истиот, во прилог на барањето до ЕВН Македонија АД Скопје.

Leave a Reply